Пронајди
28.01.2026
Сите новости
КАМ со поддршка на македонскиот репрезентативец и олимпиец Ставре Јада на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина 2026!
Со гордост го поддржуваме Ставре Јада, кој ќе ја претставува нашата земја на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина, натпреварувајќи се во дисциплината нордиско трчање.
Неговата посветеност, дисциплина и истрајност се пример за спортски дух и упорна работа.
Му посакуваме многу успех и одлични резултати на олимписката патека! ❄️⛷️
02.01.2026
КАМ, како општествено одговорна компанија, во текот на месец декември издвои над 1.600.000 денари за реализација на низа хуманитарни активности, обезбедувајќи новогодишни пакетчиња и хуманитарни пакети за различни целни групи и заедници низ Македонија. Водени од желбата празничниот период да донесе повеќе радост, сигурност и насмевки, донациите беа насочени кон деца, социјално ранливи категории, како и институции и организации кои се грижат за заедницата.
Донациите опфатија:
„Веруваме дека секој човек заслужува да ги почувствува топлината, заедништвото и радоста што ги носат празниците. Преку овие донации сакаме да дадеме конкретна и искрена поддршка таму каде што е најпотребна и да покажеме дека кај нас хуманоста не е само празничен чин, туку континуирана одговорност и обврска кон заедницата“.
Со овие активности, компанијата уште еднаш ја потврдува својата заложба за општествено одговорно работење и континуирана грижа за децата, ранливите категории и локалната заедница, особено во период кога солидарноста има најголемо значење.
30.12.2025