hjgjgj pix zaobluvanje
pix
marketi proizvodi nedelna ponuda kontakt
KAM
За нас
Фирма

КАМ е единствен ланец на дисконтни продавници за продажба на основни животни намирници и останати производи за секојдневна употреба, во Републиката, кој работи по истите принципи како најголемите и познато светски досконтери Алди, Лидл, Плус, Нето и др. Наша цел е на купувачите да им понудиме производи за секојдневна употреба со највисок квалитет, по најниски цени.

Филозофија

Во нашите маркети, нудиме над 500 артикли. Освен производи на познати производители нудиме и голем број на производи со сопствена марка - “Private Label”, од сопствени добавувачи.
Маркетите се прегледни и едноставни, без никаков луксуз, со површина од 280 - 350 м2. Стоката е изложена во картони со цел да се намалат трошоците.

Освен редовниот асортиман, редовно ја дополнуваме нашата понуда со изразито атрактивни акциски и сезонски производи.

Покрај штедењето на сите нивоа, ниските цени ги постигнуваме со купување на големи количини и со постојани преговори со нашите добавувачи.
Квалитетот е на прво место, затоа вршиме дневни проби и контроли на квалитетот при приемот на стоката во централниот магацин. Добавувачи кои можат да обезбедат сигурна испорака и постојан висок квалитет можат да бидат наши партнери. Потврдени Европски производители се наши добавувачи на нивни марки И наши сопствени марки на производи.

Доследно го применуваме концептот на Алди – најпознат Хард Дисконт и затоа не викаат македонски Алди.

Историја

”КАМ дооел” е основан во 1999 и првите два маркета беа отворени во Мај.

2000 8 маркети
2001 13 маркети
2002 18 маркети
2003 22 маркети
2004 25 маркети
2005 27 маркети
2006 31 маркети
2007 36 маркети

Во моментов, низ целата Македонија КАМ има 36 маркети, со цел до крајот на 2011 година да имаме околу 60 маркети, што е доволно за држава со 2.200.000 жители, како што е Македонија.


 katalog
  Copyright © 2008 КAM
pix
zaobluvanje pix zaobluvanje