Сите новости

 news

17.12.2025

Сите новости

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

 

КАМ, македонскиот маѐркет број еден, кој е носител на престижното признание „Best Buy“ за најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет за 2025/2026  во категоријата малопродажни синџири, неодамна доби уште три нови награди со кои продолжува да ги потврдува своите високи стандарди. Компанијата се здоби со нови признанија „Best Buy” за најголема вредност за потрошените средства кој ги доделува реномираната меѓународна агенција ICERTIAS, со седиште во Цирих, Швајцарија. Агенцијата преку истражување на пазарот и независна евалуација им помага на потрошувачите да откријат производи и услуги со исклучителен сооднос помеѓу цена и квалитет и со тоа го подобрува секојдневниот живот на граѓаните.

Првиот сертификат „Best Buy” се однесува на оддел за млечни производи кои се оценети дека имаат најголема вредност за потрошените пари на македонскиот пазар во категоријата малопродажни синџири. Клучен фактор за успехот на категоријата млечни производи е стратешкиот фокус на развој на приватната марка Bella Farm.

Вториот сертификат ја нагласува вредноста на приватните марки на КАМ за производите за перење алишта и чистење на домот, кои во маркетите се достапни под приватните марки „Belil“ и „Klinko“.

Третиот сертификат „Best Buy” ја препознава извонредната понуда на производи за миленици односно асортиманот под приватната марка на КАМ, „Alfie“, вклучувајќи храна и грицки за кучиња и мачки, песок за мачки, кои обезбедуваат грижа и удобност за домашните миленици.

- Овие сертификати се потврда за нашата посветеност на квалитетот и достапноста. Секогаш се стремиме да обезбедиме производи кои не само што ги исполнуваат очекувањата на нашите потрошувачи, туку и ја надминуваат вредноста што тие ја добиваат за потрошените средства. За нас, задоволството на потрошувачите е најважно, а овие признанија ја потврдуваат нашата континуирана посветеност кон нив. – велат од КАМ.

Новото истражување на домашната агенција „Инсајдер ИД“, кое беше објавено во ноември, покажува дека КАМ е најпрепознатливиот македонски бренд и компанија по осамостојувањето во која граѓаните имаат најголема доверба, меѓу 200 најголеми домашни претпријатија формирани по осамостојувањето на Македонија. КАМ на почетокот на 2025 година, по шести пат по ред, го доби и престижниот сертификат Qudal за домашен малопродажен синџир со апсолутно највисоко ниво на квалитет на пазарот, кој го доделува ICERTIAS.

Со новите признанија, КАМ продолжува да ја потврдува својата лидерска позиција на македонскиот пазар, овозможувајќи им на граѓаните пристап до производи кои комбинираат квалитет, иновација и одличен сооднос помеѓу цена и квалитет.

Прочитај повеќе
 
 news

18.11.2025

Сите новости

КАМ донација во ЈП Лајка

КАМ донираше храна за кучињата згрижени во ЈП Лајка во вредност од над 200.000 денари!

Со оваа донација сакаме да подадеме рака таму каде што најмногу е потребно – обезбедивме квалитетна храна од брендот Alfie за кучињата згрижени во ЈП Лајка, за нивните денови да бидат побезбедни и поспокојни.

Веруваме дека вистинската човечност се гледа во малите, но искрени дела.
Токму затоа, со оваа поддршка сакаме да потсетиме дека секое суштество заслужува грижа, внимание и топлина.

Голема благодарност до тимот на ЈП Лајка – луѓе кои секојдневно вложуваат трпение, љубов и посветеност за да им дадат нова шанса на животните без дом.

Грижата е наш избор секој ден.

Прочитај повеќе
 
 news

18.11.2025

Сите новости

КАМ го поддржува напредокот на спортот и младите таленти!

КАМ го поддржува напредокот на спортот и младите таленти!

КАМ ја проширува својата поддршка кон спортските иницијативи, овојпат со партнерство со ЖКК Баскет Кам Каменица — шампион во Првата женска кошаркарска лига.

Како компанија која континуирано инвестира во развојот на заедницата, ја препознаваме важноста од поддршка на спортот и неговата улога во промовирање на дисциплина, тимска работа и одговорност.

Со ова партнерство, ја потврдуваме нашата заложба за поттикнување на позитивни вредности и создавање услови за развој на нови спортски генерации.

Прочитај повеќе
 
 news

17.11.2025

Сите новости

KAM тестемонијали - 30 години со вас!

Вработените во КАМ се двигател на успехот на компанијата! Благодарение на нивната посветеност и заеднички труд, КАМ ја одржува лидерската позиција и останува избор број 1 за илјадници потрошувачи.

  

Прочитај повеќе
 
 news

17.11.2025

Сите новости

КАМ е најпрепознатлива бренд-компанија и со најголема доверба меѓу граѓаните

КАМ е најпрепознатливa бренд-компанија и со најголема доверба меѓу граѓаните

КАМ е најпрепознатливиот македонски бренд и компанија во која граѓаните имаат најголема доверба меѓу 200 најголеми домашни претпријатија формирани по осамостојувањето на Македонија, покажа новото истражување на агенцијата „Инсајдер ИД“.

Анализата е реализирана за потребите на КАМ со цел да се истражи пазарот со објективни параметри кои осигуруваат транспарентност и релевантност на резултатите. Податоците уште еднаш ја потврдуваат силата на КАМ кој во текот на изминатите 30 години изгради висока лојалност меѓу потрошувачите, доверба во квалитетот, како и препознатлива стратегија базирана на најдобар однос помеѓу цена и квалитет.

Истражувањето се заснова на прецизна методологија и опфати компании со доминантно домашно сопствеништво (над 51 отсто), имаат повеќе од 50 вработени, се дел од 200 најголеми претпријатија во државата според приход и формирани се или започнале со работа по осамостојувањето на Македонија.

Фактот дека КАМ е на врвот на листите за најпрепознатлив бренд и компанија на која граѓаните најмногу ѝ веруваат, е потврда за нашата конзистентност.

– Со огромна благодарност и гордост ја примивме веста дека КАМ е брендот во кој граѓаните имаат најголема доверба. Токму тоа признание е најголемата потврда дека нашата посветеност и одговорен пристап се препознаени од потрошувачите. Довербата е најголемата награда за компанијата и мотив да продолжиме да вложуваме во нови технологии, да ја унапредуваме понудата и да создаваме уште поголема вредност за граѓаните.

КАМ веќе 8 години по ред ја носи титулата „Префериран ланец на маркети“ според истражувањата на „Инсајдер ИД“. Во циклусот за 2024/25 година, дури 72 отсто од испитаниците ги избираат маркетите на КАМ како своја примарна дестинација за купување.

Годинава одбележавме 30 години од постоењето под мотото „Секогаш прв избор“. Денес, КАМ има развиена мрежа од 86 маркети во Македонија и 26 во Бугарија, со постојана тенденција на раст и унапредување.

Прочитај повеќе
 
 news

04.11.2025

Сите новости

Добитници на наградна игра 27.10-02.11.2025

Почитувани потрошувачи,

Ве известуваме дека извлечените добитници на 04.11.2025 се објавени на следниот ЛИНK
Согласно правилникот на наградната игра, извлечените добитници ќе бидат контактирани, со цел верификација на фискалните сметки.

Прочитај повеќе
 
 news

28.10.2025

Сите новости

Добитници на наградна игра 20-26.10.2025

Почитувани потрошувачи,

Ве известуваме дека извлечените добитници на 28.10.2025 се објавени на следниот ЛИНK
Согласно правилникот на наградната игра, извлечените добитници ќе бидат контактирани, со цел верификација на фискалните сметки.

Прочитај повеќе
 
 news

21.10.2025

Сите новости

Добитници на наградна игра 13-19.10.2025

Почитувани потрошувачи,

Ве известуваме дека извлечените добитници на 20.10.2025 се објавени на следниот ЛИНК
Согласно правилникот на наградната игра, извлечените добитници ќе бидат контактирани, со цел верификација на фискалните сметки.

Прочитај повеќе